Најмалку две лица загинаа во округот Меклејн, во Оклахома, кога силно невреме проследено со торнадо зафати неколку региони во централниот дел на САД, соопштија локалните власти.
Спасувачките екипи им помагаат на повредените и заробените во нивните домови, објави на Фејсбук Управата за итни случаи на округот Меклејн, апелирајќи до жителите да ги напуштат погодените области.
Националната метеоролошка служба издаде предупредување за силни грмотевици, град и торнадо за вечер во делови од централниот дел на САД, вклучувајќи ги Оклахома, Канзас и Ајова.