среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Двојно зголемена брзината на растот на нивоата на морињата во светот, соопшти Светската метеоролошка организација

Двојно зголемена брзината на растот на нивоата на морињата во светот, соопшти Светската метеоролошка организација

Нивото на морињата во светот расте двојно побрзо отколку во првата декада од мерењето, во периодот од 1993 до 2002 година и минатата година достигна рекордна бројка, соопшти денеска Светската метеоролошка организација.

Топењето на големите глечери и рекордното затоплување на океаните, што предизвикува ширење на водата, придонесе за просечно зголемување на водата за 4,62 сантиметри меѓу 2013 и 2022 година, соопшти агенцијата на ОН за борба против климатските промени.

Тоа е вкупно зголемување за 10 сантиметри од почетокот на деведесеттите години на минатиот век.