Џеф Безос, најбогатиот човек на светот и основач на Амазон, денеска би требало да се повлече од функцијата генерален директор на оваа гигантска платформа за онјалн трговија, по 27 години поминати на чело на компанијата.
Безос, кој со своето богатство од 189 милијарди долари е на првото место на листата на Форбс за најбогати луѓе во светот, заминувањето го најави во февруари, а за да се посвети на својата компанија Блу Оринџ.
Амазон, кој започна да работи како онлајн книжарница, прерасна во последните две ипол децении во една од највредните компании во светот со кои се тргнува на берзата.
Сопственичкиот удел од 10,3 проценти во компанијата, Безос планира да го задржи, како и местото извршен претседател на управниот одбор на Амазон.
Позицијата главен извршен директор на Амазон ќе му ја предаде на Енди Џесиј, кој во компанијата е од 1997 година.