среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Џекпотот во американската лотарија достигна рекордни 1,6 милијарди долари

Џекпотот во американската лотарија достигна рекордни 1,6 милијарди долари

Џекпотот на американската лотарија за извлекувањето предвидено за утре, денеска достигна рекордна сума од 1,6 милијарди долари.

Тоа е најголемиот џекпот во светската историја. Премијата за лотаријата не е доделена последните 39 извлекувања.

Шансите за освојување џекпот се еден спрема 292,2 милиони. Колку за споредба, статистиката на американското Министерство за здравство покажува дека шансата да ве погоди гром е една во милион.