четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џемисон: На Земјата не и се потребни луѓето туку обратно, Марс не е „План Б“ за човештвото

Џемисон: На Земјата не и се потребни луѓето туку обратно, Марс не е „План Б“ за човештвото

Поранешната американска астронаутка Меј Џемисон ја повика меѓународната заедница да биде свесна за опасноста од климатските промени, истакнувајќи дека планетата Марс не може да биде „план Б“ за човештвото.

– Луѓето зборуваат дека треба да ја спасиме Земјата. Не станува збор за спасување на Земјата, туку да не продолжуваме да ја оштетуваме до таа мерка да повеќе не може да не прифати, истакна Џемисон, првата црномуреста астронаутка која отиде во Вселената.

Таа обраќајќи се на годишната Конференција на Обединети нации за климата (ЦОП24) во Полска, наведе дека борбата против климатските промени можеби сега е најголемиот проблем со кој се соочува човештвото. Џемисон потенцира дека климатските промени можеби сега се најголем проблем со кој се соочува човештвото, додавајќи оти сите треба да се вклучат во неговото решавање, бидејќи е важно сите да сфатат дека тоа е проблем на сите.

Таа истакна дека на Земјата од Вселената се сеќава како на „неверојатно сина планета, силна и отпорна“.

И покрај тоа сакам да одам и да го видам Марс но, таа планета не е план Б за нашата цивилизација и вид, наведе Џемисон.

Претставници на околу 200 земји присуствуваат на ЦОП24, на која се дебатира за примена на меѓународниот Договор за климатски промени, според кој е предвидено намалување на глобалното затоплување под два степени Целзиусови.

МИА