Еврокомесарот за економија Паоло Џентилони денеска во интервју за ТВ Раи њуз 24 потврди дека е блокирана одлуката за шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија.
-Многу брзо и едногласно усвоивме пет пакети санкции, но одлуката за шестиот пакет се уште е блокирана од познати причини, изјави еврокомесарот за економија.
Тасс пренесува дека Џентилони сепак кажал дека е оптимист за изгледите за изнаоѓање компромис за ова прашање.