недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Џерманвач“: Субвенциите за фосилните горива ги доведуваат во прашање зацртаните цели за справување со климатските промени

„Џерманвач“: Субвенциите за фосилните горива ги доведуваат во прашање зацртаните цели за справување со климатските промени

Енергетската криза резултираше со рекордно големи субвенции за фосилните горива во државите од Групата 20 водечки развиени, како и економиите во развој, што сериозно ги доведе во прашање зацртаните цели за справување со климатските промени, предупредува непрофитната Организација за заштита на животната средина и развој „Џерманвач“.

Германската организација во редовниот годишен извештај за климатска транспарентност забележува дека независно напредокот во областа на обновливите извори на енергија и подобрената енергетската ефикасност, групата најсилни економии Г-20 ризикува придвижување „во погрешна насока“.

Државите од Г-20 наспроти ветувањата за намалување, субвенциите за фосилните горива во периодот од 2020 до 2021 година ги зголемиле за 30 насто, на околу 190 милијарди, се посочува во документот.

Коавторот на извештајот, Јан Бурк, предупредува дека и оваа година е забележано значително зголемување на субвенциите за фосилните горива..

„Таквиот развој на настаните дополнително го доведуваат во прашање остварувањето на зацртаните цели по однос климатските промени за 2030 година“, вели Бурк.

Државите од групата седум најразвиени економии на светот од кои повеќето се и членки на Г-20, од Самитот одржан летово ветија дека независно напорите за ублажување на последиците на енергетската криза, нема да има компромиси кога се во прашање активностите за справување со климатските промени.  (МИА)