Целта на Велика Британија не е промена на режимот во Москва или смена на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон, прецизирајќи дека намерата на Лондон е да ги заштити Украинците во војната.
-Ја разбирам фрустрацијата на народот поради Путин и желбата да се смени владата. Тоа е целта на многу демократски политики, изјави Џонсон пред пратениците.
Сепак, тој истакна дека промената на рускиот режим не е цел на британската влада и дека е многу важно тоа сите да го разберат.
-Ние едноставно се обидуваме да помогнеме во заштитата на народот на Украина, да го заштитиме од целосно варварско и неразумно насилство, рече Џонсон. (МИА)