петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон ги повика земјите од НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП

Џонсон ги повика земјите од НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги повика сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП до 2030 година.

– Зголемувањето на трошоците е потребно бидејќи претходната цел од 2 отсто е од „поинаква ера“, пред руската војна во Украина, рече Џонсон на прес-конференцијата на крајот од самитот на лидерите на земјите-членки на НАТО во Мадрид.

На „историскиот самит“, лидерите на земјите од НАТО се согласија за нова безбедносна доктрина за која се потребни зголемени трошоци за одбрана за да се прилагодат на поопасниот свет, рече Џонсон.

– Логичната последица од овие инвестиции што ги предлагаме е зголемување на трошоците за одбрана на 2,5 отсто од БДП, истакна британскиот премиер.