Русија мора да се придржува до Повелбата на Обединетите нации, порачаа британскиот премиер Борис Џонсон и индискиот премиер Нарендра Моди.
„Двајцата лидери се согласија дека интегритетот и територијалниот суверенитет на Украина мора да се почитуваат“, се вели во соопштението од Кабинетот на Џонсон.
Тие, исто така, порачале дека Русија мора да се придржува до Повелбата на ОН и изразиле согласност дека почитувањето на меѓународното право е единствен начин да се обезбеди глобален мир и просперитет. (МИА)