четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон му подари на Бајден велосипед од 6.000 долари

Џонсон му подари на Бајден велосипед од 6.000 долари

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, на претседателот на САД, Џо Бајден, му подари велосипед вреден 6.000 долари, произведен во Америка.

Шефовите на седумте водечки економии во светот се собраа во Корнвол, Англија, на Самитот Г7, а Џонсон ја искористи можноста да му подари подарок на својот колега за неговата прва официјална средба, бидејќи и самиот тој е страствен велосипедист и често вози по улиците на Лондон “.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Philly Bike Expo (@phillybikeexpo)

Како што се наведува, Бајден (78) исто така сака да вози велосипед, само тој тоа го прави во затворен простор, вртејќи ги педалите во место.

Велосипедот го изработил Стивен Биленки, познат производител од Филаделфија, кој рече дека Стејт департментот го контактирал со барање да го обои велосипедот во црвена, бела и сина боја, наведува „Тајмс“.

„Ова е посовремена верзија на британски велосипед со рачно насликано британско знаме и соодветна кацига“, додаде Биленки.

Велосипедот е направен од компанијата Биленки, основана во 1983 година и специјализирана за производство на челични и титаниумски велосипеди.