недела, 24. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џонсон разговараше со Зеленски за испорака на оружје со голем досег

Џонсон разговараше со Зеленски за испорака на оружје со голем досег

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска повторно разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а Даунинг стрит 10 соопшти дека двајцата лидери разговарале за „настаните на бојното поле и барањата на украинските вооружени сили“.

Тоа вклучува, додаде тој, давање на Украина „оружје со долг досег за да се спречи бомбардирање на цивили“.

Од даунинг стрит 10 додаваат дека Џонсон ја истакнал важноста на силен и независен меѓународен судски процес за да се осигура дека одговорните за злосторствата во Украина ќе одговараат за предизвиканите страшни последиците низ оваа земја.