вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Џулијани: До 1 септември ќе заврши истрагата на Малер

Џулијани: До 1 септември ќе заврши истрагата на Малер

Истрагата на специјалниот обвинител Роберт Малер за наводното попречување од страна на претседателот на САД Доналд Трамп на истрагата за можно руско мешање во изборите во 2016 година, ќе заврши до 1 септември, изјави доцна синоќа неговиот адвокат Рудолф Џулијани.

Истрагата на Малер за руското мешање во претседателските избори и веројатни врски со предизборниот тим на Трамп започна во мај 2017 година откако шефот на државата одлучи да го разреши директорот на ФБИ Џејмс Коми, кој тогаш го истражуваше влијанието на Москва врз гласањето..

Џулијани за весникот „Њујорк тајмс” изјави дека од канцеларијата на Малер го информирале дека делот од истрагата што се однесува на попречување ќе заврши до 1 септември, но датумот зависи од тоа дали претседателот ќе се согласи да дојде на распит.

(Миа)