сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ѕвездата на Бољшој театарот даде отказ поради руската инвазија над Украина

Ѕвездата на Бољшој театарот даде отказ поради руската инвазија над Украина

Една од ѕвездите на московскиот Бољшој балет, Олга Смирнова дала отказ поради руската инвазија во Украина и отсега ќе настапува на Холандскиот национален балет во Амстердам.

Смирнова, чиј дедо е Украинец, напишала на Телеграм дека е против војна со секој дел од својата душа.

-Никогаш не мислев дека ќе се срамам до Русија, напиша балерината.

Вели дека секогаш била горда на талентираните руски луѓе, на културата и спортските достигнувања.

-Но, сега чуствувам дека е повлечена линија која ги разделува тоа пред и потоа. Боли што луѓе умираат, што губат покрив над главата или се приморани да ги напуштат домовите. А кој пред неколку недели би помислил дека ова може да се случи? Можеби не сме епицентар на воен судир, но не можеме да останеме рамнодушни на оваа глобална катастрофа, вели Смирнова.

Во Московскиот театар се приклучила во 2011 година, пред да ја преземе главата улога во претставата „Лебедово езеро“.