сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Еден на еден: Трамп утре ќе се сретне со Ким Јонг-ун

Еден на еден: Трамп утре ќе се сретне со Ким Јонг-ун

Првиот еден-на-еден состанок меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун ќе се одржи в среда вечер, по што ќе следи вечера со советници во виетнамската престолнина Ханој, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Сандерс изјави дека Трамп ќе пристигне во Виетнам доцна денес по локално време. Во среда наутро тој ќе одржи средба со виетнамските лидери пред почетокот на самитот со Ким вечерта.Дополнителни состаноци со водачот на Северна Кореја ќе се одржат в четврток.

Трамп и Ким треба да се состанат во Ханој на нивниот втор самит за денуклеаризација на Корејскиот полуостров. Трамп замина за Виетнам во понеделникот, велејќи дека се надева на високо продуктивен втор самит со Ким Јонг-Ун.

Трамп иато така рече дека очекува да се постигне понатамошен напредок во денуклеаризацијатана Корејскиот Полуостров за време на самитот.

Претходно во понеделникот, новинската агенција Јонхап објави дека американските и севернокорејските преговарачи успеале да ги доближат своите позиции за голем број прашања во текот на петтиот ден од прелиминарните разговори пред самитот.

Ким Еи-кјеом, портпарол на претседателот на Јужна Кореја, изјави дека Вашингтон и Пјонгјанг, исто така, би можеле да се согласат на самитот во Виетнам да го објават крајот на Корејската војна.

Сеул претходно инсистираше дека САД и двете Кореи мора да бидат дел од секој договор со кој ќе заврши војната, но портпаролот на претседателот посочи дека објавувањето на крајот на војната меѓу Северна и Јужна Кореја всушност било направено минатата есен кога војската на двете земји потпишаа договор во кој ги отфрлија непријателствата.

Војната (1950-1953) меѓу Северна Кореја, поддржана од Кина и Советскиот Сојуз и Јужна Кореја, поддржана од силите на ОН кои претежно се состоеја од американската војска, заврши со договор за примирје – но никогаш не беше потпишан мировен договор. Ова значи дека Северна Кореја и САД технички сé уште се во војна.