среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Еден од најозлогласените затвори во Мексико станува државен архив

Еден од најозлогласените затвори во Мексико станува државен архив

Мексиканските власти денеска го затворија еден од најозлогласените затвори во кој пред три и пол години во немири загинаа околу 50 затвореници.

Гувернерот на државата Нуево Леон, Хаиме Родригес рече дека наместо затвор, Топо Чико ќе биде државен архив.

Во тој затвор во судири на две фракции од картелот Зетас во февруари 2016 година загинаа 49 затвореници.

Властите во затворот откриле луксузни келии со сауни, клими, фрижидери, аквариуми, шанкови за храна и пијалаци.

Родригес рече дека неколку претходни администрации не успеале да направат ништо во врска со затворот иако знаеле дека е преполн и вон контрола.

Последната група затвореници вчера е префрлена на други локации.