Мексиканската полиција вчера го уапсила шефот на организираната криминална група “Ла Линеа“, соопшти началникот на Националната комисија за безбедност Ренато Салес Ередија.
Карлос Артуро Кинтана, познат по прекарот „Ел Очента“ беше баран за криминални активности во северната држава Чивава, напиша на Твитер министерот за внатрешни работи Алфонсо Наварете.
„Ла Линеа“ е вооружен клон на картелот „Хуарес“ кој води војна со картелот „Синалоа“ за контрола врз локалната трговија со дрога.
Кинтана е и на потерница на ФБИ за трговија со дрога во САД.