Едно лице загина, а четири други се ранети синоќа при престрелка во третиот по големина град во Шведска, Малме, соопшти шведската полиција, нагласувајќи дека не станува збор за тероризам.
Во соопштението се посочува дека при престрелката биле ранети пет лица, од кои едно, на возраст од 18 години, подоцна в болница им подлегнало на повредите.
Според весникот „Афтонбладет“, во престрелката учествувале неколку лица кои непосредно пред инцидентот излегле од едно интернет кафуле во центарот на Малме.
На местото на престрелката полицајците пронашле 18 чаури.
Најголемиот број од учесниците во престрелката и претходно и биле познати на полицијата како сторители на кривични дела.