понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Единаесет лица, меѓу кои и деца, загинаа во пожар во училиште во Уганда

Единаесет лица, меѓу кои и деца, загинаа во пожар во училиште во Уганда
илустрација

Единаесет лица, меѓу кои и деца, загинаа во пожар во училиште во село во близина на главниот град на Уганда, Кампала, соопшти денеска локалната полиција.

Претставник на полицијата рече дека инцидентот се случил во текот на ноќта во училиште за слепи во областа Муконо, без да даде повеќе детали.

Пожарите во училиштата во Уганда предизвикуваат загриженост кај образовните службеници во оваа источноафриканска земја.

Две спални во познатиот интернат во Кампала беа уништени во одделни пожари во 2020 година, но никој не беше повреден во тие инциденти.

Во близина на Кампала во 2008 година, 19 ученици загинаа во пожар што избувна во интернат за ученици во основно училиште.