сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Единаесет пожарникари повредени во експлозија во Лос Анџелес

Единаесет пожарникари повредени во експлозија во Лос Анџелес

Најмалку 11 пожарникари се повредени во пожар што денеска избувна во рафинерија за нафта во Лос Анџелес.

Пожарот зафатил неколку згради, а 230 пожарникари биле испратени на местото на настанот.

Пожарникарите се повредени по експлозијата до која дошло откако влегле во зградата, обидувајќи се да го изгаснат пожарот, пренесуваат американските медиуми.

Началникот на противпожарната служба, Ерик Скоти, изјави дека имало „голема експлозија“.

Според него, пожарникарите морале да претрчаат преку огнен ѕид висок девет метри, додека тие што биле на покривот се спуштиле по скалилата што биле зафатени во пожарот.