среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Египет ќе биде домаќин на големи арапски воени вежби

Египет ќе биде домаќин на големи арапски воени вежби

Војници од неколку арапски земји денеска пристигнаа во Египет, за да се приклучат на големите воени вежби, кои ќе почнат овој викенд, јави провладиниот весник „Ал Ахрам“.

Копнени, воздушни и поморски сили од Египет, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Кувајт, Бахреин и Јордан ќе учествуваат на вежбите што ќе се одржат од 3 до 16 ноември, со кодно име „Арапски штит 1“, пишува весникот, цитирајќи соопштение на египетската армија.

Шесте земји се регионални сојузници на САД. За нив се тврди дека сакаат да создадат арапски сојуз сличен на НАТО кој ќе му се спротивстави на Иран. Мароко и Либан на вежбите учествуваат како набљудувачи. Според „Ал Ахрам“, ова се „најголемите арапски воени вежби“.

„Арапски штит 1“ е дел од плановите на египетските вооружени сили за заеднички вежби со пријателски и блиски земји, за промовирање на воените врски и соочување со заеднички предизвици, стои во соопштението на Министерството за одбрана.

МИА