Египетски археолози открија над 20 дрвени саркофази близу градот Луксор, а на нив сѐ уште се видливи остатоците од живописни бои.
Саркофазите се откриени во некрополата Асасиф која се наоѓа на западниот брег на реката Нил. Биле сместени во два реда, еден над друг. Египетското Министерство за антиквитети го оцени ова откритие како „едно од најголемите и најважни” последниве неколку години.
Повеќето древноегипетски гробници во некрополата се од периодот 664. – 332. година пр.н.е. Меѓутоа, таму се наоѓаат и закопани луѓе и предмети од 18-тата династија (1550. – 1229 г.пр.н.е.), како што се Хатчепсут, Аменхотеп Трети и Тутанкамон.
Министерот за антиквитети минатата седмица соопшти дека во Западната Долина на Луксор се откриени објекти за складирање и чистење погребна опрема и многу ќерамика од 18. династија.
Повеќе податоци околу новите наоди се очекува да бидат соопштени до сабота.