Иран мора да се придржува до нуклеарниот договор од 2015 година, изјави денес шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
-За Иран е важно да се врати кон нуклеарниот договор. Мора да го увериме Иран дека тоа е за негов сопствен интерес, изјавува Фон дер Лајен.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупредува на ризикот од погрешни проценки сред глобалните тензии кои се наоѓаа на „највисоко ниво“.
-Престанете со ескалација. Бидете максимално воздржани. Повторно започнете дијалог. Обновете ја меѓународната соработка и избегнете нова војна, порача Гутереш.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг исто така повика на воздржаност.