среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕК ја тужи Полска пред Судот на правдата на ЕУ

ЕК ја тужи Полска пред Судот на правдата на ЕУ

Европската комисија (ЕК) денеска ја објави својата одлука да покрене правна процедура против Полска пред Судот на правдата на Европска унија (ЕУ) поради кршење на правото на ЕУ од страна на полскиот Уставен суд и неговата судска пракса.

Полска ги отфрлила аргументите на ЕК поврзани со нејзиниот уставен суд.

Не се согласуваме со аргументите изнесени од ЕК. Во други земји, како што се Шпанија или Германија, Уставниот суд ги става уставите на тие земји над правото на ЕУ и ние остануваме на нашиот став, изјави портпаролот на полската Влада, Пјотр Милер. (МИА)