недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕК ќе го помага земјоделството за производство на квалитетна исхрана

ЕК ќе го помага земјоделството за производство на квалитетна исхрана

Европската комисија ќе додели 185,9 милиони евра идната за да го поддржи земјоделското производство на квалитетни и одржливи прехранбени производи.

Ова е дел од работната програма на Европската комисија за 2023 година и на стратегијата “Од фарма до виљушка“.

Комисијата ќе селектира неколку проекти, од нив се очекува да ги исполнуваат условите и целите на одржливо земјоделство, благосостојба на животните и промоција на свежо овошје и зеленчук, како и на здрава исхрана.

Еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски, изјави дека квалитетот на земјоделските прехранбени производи е од голема важноста за Европската комисија и дека политиката на поддршка ќе помогне во изнаоѓање на нови пазари и ширење на репутацијата на земјоделците. (МИА)