петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕК обезбеди уште 100 милиони евра помош за украинските бегалци

ЕК обезбеди уште 100 милиони евра помош за украинските бегалци

Европската комисија обезбедува дополнителни 100 милиони евра за земјите членки на ЕУ кои примаат бегалци од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Европската комисија става на располагање уште сто милиони евра за поддршка на земјите на ЕУ кои примаат голем број украински бегалци во рамките на иницијативата „Стани за Украина“, каде се ветени 400 милиони евра за поддршка на бегалците во април.

Првата транша од 248 милиони евра им е испорачана на земјите од соседството на Киев, Полска, Романија, Словачка, Чешка и Унгарија, а оваа втора транша оди за Полска, Чешка, Бугарија, Естонија, Литванија и Латвија. Помошта служи за храна, превоз, сместување, како и помош за ранливи категории.

Останатите 52 милиони евра ќе бидат ослободени подоцна за нови потреби како психолошка помош. (МИА)