вторник, 5. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Експлозии во предградие на Киев

Експлозии во предградие на Киев

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на социјалните мрежи информира дека главниот украински град рано утрово бил цел на напад.

Тој напиша дека имало експлозии во областа Дарњицкиј, и оти на самото место во моментов има спасувачки и медицински екипи.

-Уште еднаш апелирам до сите: Ве молам да не ги игнорирате сирените за воздушна опасност. А оние жители на Киев кои досега заминаа и сакаат да се вратат во главниот град, ве замолувам да се воздржите од тоа и да останете на побезбедни места, нагласи Кличко.

Дарњицкиј се наоѓа во југоисточниот дел на главниот град на Украина, на левиот брег на реката Дњепар.  (МИА)