недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Експлозија на бензинска пумпа во Ирска, неколку лица се повредени

Експлозија на бензинска пумпа во Ирска, неколку лица се повредени

Неколку лица се повредени и пренесени во болница по експлозија на бензинска пумпа во Донегал, Ирска, соопштија официјални лица.

Експлозијата се случи денеска на бензинската пумпа „Еплгрин“ на периферијата на селото Крислау, кое е на околу 25 километри од градот Летеркени.

Фотографиите од местото на настанот покажуваат голема дупка и урнат покрив на станбена зграда до бензинска пумпа со остатоци расфрлани околу местото каде што биле паркирани бројни автомобили.

Универзитетската болница Летеркени соопшти дека е во готовност и лекува голем број повредени во експлозијата.

Ирската крајбрежна стража соопшти дека нејзиниот хеликоптер им помага на итните служби на местото на настанот, а Националната служба за брза помош соопшти дека испратила голем број амбулантни возила, пренесе Индекс.хр.