Жена загина во експлозија на гас во Балтимор, неколку лица се повредени, и неколку куќи се уништени.
Најмалку пет лица се заробени под урнатините, јави ТВ Фокс, повикувајќи се на локалните медиуми.
Брза помош и пожарникари се на местото на експлозијата.
Според првичните информации, станува збор за експлозија на гас.