Силна експлозија одекна денеска во центарот на Мелитопол, украински град кој е под контрола на руските сили, соопшти градската воено-цивилна администрација.
Во соопштението се наведува дека граѓаните пријавиле дека се слушнала силна експлозија, и оти се проверува дали има жртви.
Владимир Рогов, член на главниот административен совет на регионот Запорожје, рече дека станува збор за автомобил-бомба.
-Според непотврдени информации експлодирал автомобил, изјави Рогов.
Експлозијата била толку силна што возилото се распаднало на два дела, соопшти Рогов на својот канал Телеграм. (МИА)