Катастрофалната експлозија што се случи во пристаништето во Бејрут, во која што загинаа најмалку 135 лица, ќе ја чини државата најмалку 15 милијарди долари.
Во експлозијата починале најмалку 135 лица , околу 5.000 се повредени, а повеќе од 300.000 луѓе се раселени од нивните домови.
Стотици се исчезнати и се стравува дека бројот на загинати ќе продолжи да расте.
Властите во Бејрут прогласија двонеделна вонредна состојба.
Според Си-Ен-Ен, дијаметарот на кратерот во Бејрут што бил направен со експлозијата е голем околу 124 метри.
Си-Ен-Ен ги објави информациите засновани врз анализа на сателитски снимки.
Ова значи дека кратерот е поголем од фудбалско игралиште. Си-Ен-Ен додава дека нивната проценка може да варира на повеќе или помалку од 10 метри.