сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Емерсон Мнангагва реизбран за претседател на Зимбабве

Емерсон Мнангагва реизбран за претседател на Зимбабве

Националната изборна комисија на Зимбабве синоќа соопшти дека актуелниот претседател Емерсон Мнангагва победил на претседателските избори оваа недела со приближно 53 отсто од гласовите, но опозицијата и аналитичарите веднаш го доведоа во прашање резултатот.

Мнангагва, кој ја презеде функцијата од долгогодишниот претседател Роберт Мугабе по воениот удар во 2017 година, се очекуваше да обезбеди втор мандат, бидејќи аналитичарите велат дека изборите биле наместени во корист на владејачката партија ЗАНУ-ПФ, која е на власт повеќе од четири децении.

Изборната комисија соопшти дека главниот противник на Мнангагва, Нелсон Чамиса, кој ја предводи опозициската партија Граѓанска коалиција за промени, освоил 44 отсто од гласовите.