Епидемија на менингитис е регистрирана во североисточниот дел на ДР Конго во провинцијата Чопо, соопшти регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО).
– Во Чопо се регистрирани 216 случаи на менингитис, 129 лица починаа, се вели во соопштението за медиумите од регионалната канцеларија. Оттаму забележуваат дека стапката на смртност е висока и изнесува 50 проценти.
Во провинцијата со поддршка на СЗО е распореден и почна да работи првиот тим за укажување помош на болните. Во исто време, формиран е и комитет за брза реакција за да се спречи ширењето на болеста.
Менингитисот е опасна заразна болест предизвикана од микроорганизми што предизвикува воспаление на мозокот и ’рбетниот мозок.