„Ербас“ предвидува пад на производството од 40 проценти во наредните две години, како резултат на кризата со коронавирус, изјави денеска извршниот директор на компанијата Гијом Фори.
– За следните две години претпоставуваме дека производството и испораката ќе бидат за 40 проценти помалку од првично планираното, изјави Фори за германскиот весник „Велт“.
„Ербас“ досега прогнозираше дека производството може да биде пониско за една третина во просек.
Како што пренесуваат британските медиуми, компанијата е под притисок да укине илјадници работни места.