Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган побара зголемување на населението во Северен Кипар.
Ердоган на средбата во Анкара со премиерот на севернокипарскиот премиер Туфан Ерхјурман и неговиот заменик Кудрет Јозерсај, апелирал за зголемување на наталитетот кај кипарските Турци со цел да се изедначи економијата на Северен Кипар со економијата на кипарските Грци.
– Обезбедувањето баланс со југот (Кипар) ќе биде од корист на кипарските Турци, посочи Ердоган.
Тој упати порака и до кипарските Грци, наведувајќи оти треба да го почекаат решението за етнички поделениот остров или да ги вклучат кипарските Турци во своите енергетски планови.