Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган вчера отвори свој канал на платформата Телеграф.
“Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган е на Телеграм! Ви благодарам што се претплативте на нашиот Телеграм канал. Денеска отвораме и нов канал на новата платформа БИП”, напиша синоќа Ердоган на каналот.
Каналот на Ердоган е верификуван од Телеграм, а заклучно со синоќа тој веќе има повеќе од 128.000 следбеници, наведе Тасс.
Неодамна, многу корисници на социјални мрежи и месинџери го напуштија Воцап поради ажурираните услови за користење, според кои своите податоци мораат да ги споделуваат со Фејсбук.
Одлуката дека на Фејсбук ќе му бидат проследени телефонските броеви, трансакциите и IP-адресите на корисниците на Воцап беше критикувана во Турција, при што многумина се префрлија на Телеграм и БИП, месинџер на турската телекомуникациска мрежа Турксел.