Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска, по повод руските тврдења за пловечки мини од Одеса, украински град и пристаниште во Црното Море, изјави дека турското Министерство за одбрана ги презема сите неопходни мерки.
-Ќе се направи сè што е потребно, нема простор за загриженост, истакна Ердоган.
Русија во саботата предупреди дека подводните мини во Црното Море, поставени од украинската армија околу пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни, би можеле да стигнат до Босфор, па дури и до Средоземното Море. (МИА)