Францускиот пратеник Ерик Сиоти, претставник на десничарската струја, особено во однос на имиграцијата, денеска е избран за претседател на традиционалната француска десничарска партија, Републиканците (Les Republicains – LR).
Сиоти освои 53,7 гласови во вториот круг од интерно гласање.
Десничарската партија ЛР е наследник на партијата РПР на поранешниот претседател Жак Ширак, која заедно со традиционалната левица се менуваше на власт до доаѓањето на центристот Емануел Макрон во 2017 година.
По Ширак, десничарската партија ја наследи поранешниот претседател Никола Саркози.
Ослабени се републиканците и по катастрофалниот резултат на кандидатката Валери Пекрес во првиот круг од претседателските избори одржани во мај годинава. Таа тогаш освои 4,78 отсто од гласовите.
Партијата моментално брои 91.110 членови. (МИА)