вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ерменскиот претседател почна преговори за излегување од политичката криза

Ерменскиот претседател почна преговори за излегување од политичката криза

Ерменскиот претседател Армен Саркисјан изјави дека почнува преговори со политичките сили за излегување од политичката криза.

– Почнувам консулатации со парламентарни и вонпарламентарни претставници за да се разгледа ситуацијата во државата и да се најде излез од неа, изјави Саркисјан.

Полицијата во Ереван зазеде позции откако десетици илјади луѓе протестираа против владејачката елита. Времено назначениот премиер Карен Карапетијан ја спомна и можноста за предвремени избори како излез од кризата. Тој не прецизираше кога би можело да се организираат тие.

По повеќегодишно владеење и под притисок на бранот протести, во понеделникот оставка поденесе дотогашниот премиер Серж Сергесјан, и на негово место дојде неговиот прв вицепремиер Карпетијан. Но тоа не ги запре протестите, бидејќи опозицијата бара новиот премиер да биде назначен од нов парламентарен состав.

(Миа)