Претседателот на Ерменија, Армен Саркисјан денеска изјави дека никој не го прашал за мировниот договор ниту се консултирал со него и оти ќе почне консултации со премиерот Никол Пашињан за ситуацијата по потпишувањето на прекин на огнот во Нагорно-Карабах.
Саркисјан наведе дека консултациите со Пашањин ќе траат десет дена.
– Се надевам дека ќе формираме државно единство во рок од 10 дена, за да бидам сигурен дека направивме права работа за нашата земја, посочи Саркисјан.
Тој тврди дека за прекинот на огнот во Нагорно-Карабах дознал од медиумите.
– Од медиумит разбрав дека сме постигнале договор со Азербејџан да запрат судирите во Нагорно-Карабах со посредство со Русија. Исто така од новинарите дознав за условите за прекин на судирите, посочи Саркисјан.
Тој додаде дека жали поради тоа што никој не го консулти