сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Етиопија го бомбардираше Мекеле – неколку цивили повредени

Етиопија го бомбардираше Мекеле – неколку цивили повредени

Неколку цивили се повредени во воздушните напади врз Мекеле, главниот град на регионот Тиграј во северниот дел на Етиопија.

Во извештај на тиграјската телевизија се наведува дека нападот го извршиле премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед и владините сили кои тој ги предводи.

Некои западни медиуми објавија дека не можеле да ја проверат веродостојноста на извештајот, бидејќи во тој регион нема новинари, но пренесени се зборовите на еден хуманитарен работник од Тиграј, кој потврдил дека нападот се случил.

Војската на Етиопија и нејзините сојузници се борат против припадниците на Народноослободителниот фронт на Тиграј веќе 11 месеци. (МИА)