сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ денеска ги прошири санкциите кон Белорусија

ЕУ денеска ги прошири санкциите кон Белорусија

Европската унија денеска објави дека ги проширила санкциите против Белорусија со забрана за извоз на голем број високо чувствителни стоки и технологии во таа земја, јави Бета.

Како што соопшти Европската комисија, мерките усвоени од Советот на Европската унија „ги усогласуваат санкциите против Белорусија со режимот на санкции против Русија“ и обезбедуваат казнените мерки што се наметнати кон Москва да не можат да се заобиколат преку Белорусија.

Забраната опфаќа стоки и технологии што придонесуваат за воениот и технолошкиот напредок на Белорусија и се погодни за употреба во воздухопловната и вселенската индустрија.

Меѓу забранетите стоки се и огнено оружје и муниција.

Воведувањето на најновиот, 11-ти пакет рестриктивни мерки е поврзано со вмешаноста на Белорусија во руската инвазија на Украина.