среда, 6. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ досега замрзна руски имот во вредност од 13,8 милијарди евра

ЕУ досега замрзна руски имот во вредност од 13,8 милијарди евра

Европската унија досега замрзна имот на руски олигарси, поединци и на компании во вредност од 13,8 милијарди евра.

На „црната листа“ на ЕУ, моментално има 98 компании и организации, како и речиси 1.600 поединци поради одредена руска улога во Украина.

– Досега запленивме имот на олигарси и на ентитети во вредност од 13,8 милијарди евра, тоа е прилично многу, изјави европскиот комесар за правда Дидиер Рејндерс.

Најголем дел, над 12 милијарди, е замрзнато во пет земји членки.

– Мораме да продолжиме да ги уверуваме останатите да го сторат истото, рече Рејндерс по состанокот со министрите за правда на ЕУ во Прага.

Според него, кога ќе заврши летото, се очекува конечен политички договор за нови правни средства што би требало да го спречат заобиколувањето на санкциите на ниво на целата Унија, што сега не е случај.

Политиката што има за цел да спречи избегнување санкции со префрлување имот на несанкционирани членови на семејството може да стапи на сила на есен.  (МИА)