Иран мора да се придржува кон нуклеарниот договор од 2015 година, изјави синоќа шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
– Од европска гледна точка, важно е Иран да се врати на нуклеарниот договор. Ние мора да го увериме Иран дека тоа е во негов интерес, изјави Фон дер Лајен, потврдувајќи дека министрите за надворешни работи на ЕУ ќе одржат посебна седница в петок.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупреди на ризикот од погрешна пресметка поради глобалните тензии што се „на највисоко ниво во овој век“.
Гутереш додаде дека тие тензии „водат до зголемен број земји да донесуваат непредвидливи одлуки со непредвидливи последици“.