сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ЕУ покрена постапка: Полска би можела да го загуби правото на глас

ЕУ покрена постапка: Полска би можела да го загуби правото на глас

Европската Унија покрена законска постапка против Полска поради нејзиниот закон за Врховен суд, поради што Полска би можела да го загуби правото на глас во ЕУ.

Европската комисија соопшти дека мерките во законот го подриваат принципот на независност на судот.

ЕК е подготвена да продолжи со дијалог за владините права иако покрена законска постапка, пренесе АП.

Новиот закон за полскиот Врховен суд со кој скоро 40 отсто од судиите ќе бидат принудени предвремено да се пензионираат утре стапува во сила.