ЕУ објави дека целосно го затвораат воздушниот простор за руски авиони.
„Прво, го затвораме воздушниот простор на ЕУ за авиони во руска сопственост, руски регистрирани или контролирани од Русија. Тие нема да можат да слетаат, полетуваат или прелетуваат на територијата на ЕУ. Вклучувајќи ги и приватните авиони на олигарсите“, напиша Урсула фон дер Лајен.
First, we are shutting down the EU airspace for Russian-owned, Russian registered or Russian-controlled aircraft.
They won’t be able to land in, take off or overfly the territory of the EU.
Including the private jets of oligarchs. pic.twitter.com/o551M9zekQ
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) February 27, 2022
Таа додаде: „Водството на Зеленски, неговата храброст и издржливоста на украинскиот народ се инспирација за сите нас. Ги пречекуваме со раширени раце оние кои треба да побегнат од бомбите на Путин. Ги поддржуваме нашите источни земји-членки во сместувањето и грижата за овие бегалци“.
ЕУ ја засилува и поддршката за Украина.
„За прв пат ЕУ ќе финансира набавка и испорака на оружје и опрема во земја која е нападната. Ги зајакнуваме и нашите санкции против Кремљ“, потенцираше Урсула фон дер Лајен
Дополнително, Европската комисија предлага да се забрани емитувањето низ Европската унија на РТ, Спутник и нивните подружници.