вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Евакуација на Хаваи: Еруптираше вулканот Килауеа

Евакуација на Хаваи: Еруптираше вулканот Килауеа

Властите на Хаваите наредиле евакуација на жителите поради ерупција на вулканот Килауеа по 250 потреси во 24 часа.

Вукланот исфрлал лава во близина на резиденцијалниот дел на островот, што беше главна причина за евакуацијата.

Властите соопштија дека лавата избила во близина на градот Пахоа и оти се евакуира целото население на Лејлани естејтс, каде што живеат 1.500 луѓе. Ерупцијата уследи неколку дена по рушењето на кратерот во источниот дел на вулканот.

Наредена е и евакуација на местото Пуна каде што живеат околу 10.000 луѓе, откако властите забележале пареја и лава во тоа подрачје.

Американскиот геолошки институт соопшти дека во четвртокот се забележани нови пукнатини околу вулканот.