понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Евакуација во Си-Ен-Ен и „Тајм Ворнер“ поради сомнителните пакети (Видео)

Евакуација во Си-Ен-Ен и „Тајм Ворнер“ поради сомнителните пакети (Видео)

Во тек е евакуација на зградите на компанијата „Тајм Ворнер“ и на Си-Ен-Ен во центарот на Њујорк поради добиени сомнителни пакети со експлозивна направа, јавија американските медиуми.

Тајната служба соопшти дека пакети идентификувани како „потенцијална експлозивна направа“ се испратени до Белата куќа, до поранешниот претседател Барак Обама и поранешниот кандидат за претседател на демократите Хилари Клинтон.

Сомнителниот пакет испратен до Белата куќа бил пресретнат во објект надвор од локацијата.

Пакетот за Клинтон бил пронајден доцна синоќа, додека тој кој беше упатен до Обама беше пронајден рано денеска, и двата откриени за време на рутинската проверка на поштата.

Белата куќа, во соопштение, ги осуди обидите за напади врз Обама и Клинтон.

-Тие терористички дела се подли, и секој што е одговорен ќе се соочи со законот, рече портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

Пред два дена слична експлозивна направа беше испратена на адреса на америкаснкиот милијардер Џорџ Сорос.