недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Евакуирана Ајфеловата кула по закана со бомба

Евакуирана Ајфеловата кула по закана со бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана откако е добиена закана за поставена бомба, наведоа од управата на кулата и полицијата, пренесе ДПА.

Полицијата за ДПА потврди дека е примена закана за поставена бомба и дека се спроведува операција во областа.

Раководството на Ајфеловата кула соопшти дека е извршена евакуација на кулата, една од најпознатите туристички атракции во француската престолнина.