недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Евакуирани над 1000 луѓе поради поплави во Џакарта

Евакуирани над 1000 луѓе поради поплави во Џакарта

Индонезискиот главен град Џакарта го зафатија поплави предизвикани од поројните дождови, а евакуирани се повеќе од илјада луѓе.

Локалните власти соопштија дека нивото на водата во некои делови на градот достигнало 1,8 метри во одделни области, но засега нема информации за евентуални жртви.

На социјалните мрежи се објавени фотографии на кои се гледаат луѓе како се движат низ матна вода, која им стигнува до рамената. Возилата се речиси целосно под вода, а спасувачки екипи со чамци ги евакуираат повозрасните жители.

Гувернерката на Џакарата изјави дека низ градот се подготвени центри за евакуација и дождот моментно е престанат, но во градот и понатаму надоаѓа вода од другите подрачја.

Поплавите ја зафатија Џакарта во момент кога Индонезија има најголем број на заразени и починати од коронавирусот за разлика од останатите држави во југоисточна Азија, и кога се наоѓа во економска рецесија. (МИА)